Филтер од алуминиумска легура

Го прочистува (филтрира)воздухот од волуменски поголеми честички (пр. првут од миленичиња). Со регуларното одржување (миење) на филтерот се зголемува неговата ефикасност и времетраење/животен век

Нано-ладен катализатор

Работи врз база на технологијата на Lanthanon low temperature nano-catalyst (нано-катализатор на Лантаноиди при ниски температури).
Ефикасно прочистува полен, прашина, бактерии и хемикалии во воздухот кои се последица на бојадисување и чистачите за домаќинство. Елиминирајќи ги чадот од цигарите и мирисите кои се јавуваат во домаќинството, го одржува воздухот свеж и чист. Ги декомпозира (помага при распаѓањето) на штетни гасови и супстанции во воздухот (формалдехид, амонија, бензен) . При нормални температури стапката на распаѓање на метил алдехид и етантиол е преку 90% . (Антибактериската стапка за colibacillus  и Staphylococcus aureus е преку 95% ). Филтерот може да се користи долго време без регенерација. Ладниот катализатор (LTC-S) се мие со ладна вода и го задржува ефектот.

Филтер од активен јаглен во вид на саќе комори

Активниот јаглен е процесирана форма на јаглен со мали пори кои ја зголемуваат достапната површина за впивање (абсорбција). Содржи голем број на микро пори – само 1 грам од овој активен јаглен има достапна површина од 500 м2
Дизајниран е во вид на саќе со цел да се зголеми ефикасноста на впивање (абсорбција) на воздухот. Отстранува пареи на нафта/бензин, (oil vapors?) , и други јаглеводороди во воздухот.

Антибактериски филтер од ткаенина

Антибактериската и антивирусна ткаенина се спротиставува на ширењето на колониите на бактериите, со цел да се намали ризикот од  ширење на инфекции и непријатни мириси. Овој филтер овозможува долготрајна заштита од несакани организми.

Високо ефикасен HEPA (хепа) филтер

Ги исполнува стандардите на одделот за енергија на САД  (United States Department of Energy). Овој филтер прочистува 99.97% од честичките до 0.01 микрон кои поминуваат низ него. Врвна класа на филтер дефинирана од European Norm EN 1822:2009. Спречува ширење на бактерии и вируси во воздухот.

Ултравиолетов стерилизатор

365nm ултравиолетовото светло убивајќи разновидни бактерии, го прочистува воздухот и елиминира мириси на чад и мувла. Креира негативни јони кои ја освежуваат просторијата додека го спречува ширењето на одредени вируси.

Јонизатор

Испушта голем дел на анјони, правејќи го кислородот негативно наелектризиран. Со ова му помага на прочистувачот да ги собере позитивно наелектризираните честички (чад, прашина, бактерии…) кои се згуснуваат. Колку се помали честичките – толку полесно се абсорбираат од прочистувачот.

Сензор (интелегентен сензор на мириси)

Автоматски ја прилагодува брзината на вентилаторот со моменталниот квалитет на воздухот.
Црвено – лош квалитет; Портокалово – нормален квалитет; Зелено – одличен квалитет

6 – 7 фази на Прочистување

Прочистувачите користат од шест до седум фази на прочистување за ефикасно да го прочистуваат загадениот воздух. Прашина, чад, полен, мириси, првутот од животни, спори од мувла, редуцира органски хемикалии кои се штетни за вашиот дом и животната средина и можат да го иритираат вашиот респираторен систем.

Webp.net-resizeimage (12)

Зошто се ПМ 10 честичките толку лоши?

Со самото дишење на ПМ 10 честичките, кои во неколку наши градови ги има и по пет пати над дозволените количини, сте сè поблиску до некоја од следниве последици:

Прерана смрт
Смрт како последица на дишење воздух со премногу честички
Проблеми со дишењето
Астма
Силно кашлање
Болки при дишењето
Хроничен бронхитис
Намалена функција на белите дробови
Проблем да се земе здив
Зголемување на ризикот од срцев удар
Зголемување на ризикот од заболување од рак
Зголемување на ризикот од аномалии кај новороденчињата

HEPA Филтрирање

MyAir ХЕПА филтерот ги филтрира 99,97% од респираторните надразнувачи и загадувачи, како што се алергени, полен, спори од мувла, прашина, првутот од животни, бактерии и вируси. Овој уред е одличен избор за луѓе кои имаат астма и алергија.

Кој е изложен на најголем ризик и зошто е потребен прочистувач?

Фактот што смртноста е многу поголема во загадените подрачја кажува дека сите се изложени на ризик, но најчувствителни на него се децата, постарите лица и лицата кои веќе имаат срцеви или респираторни болести.

Контакт

САЛОН Трговски центар Карпош 3

Адреса: ул. Манапо/ локал бр.5
нас. Карпош 3

(спроти City Mall)

Моб: 078 /449 546

  • Контакт маил:
  • contact@myair.mk
  • sales@myair.mk
  • Работно време:
  • Понеделник-Петок 10:00 - 20:00
  • Сабота 12:00 - 18:00
  • Сервис
  • контакт

За интернет купувачи