ДОСТАВУВАЊЕ И МОНТАЖА НА ПРОИЗВОДИТЕ
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот систем на достава на Мојвоздух дооел Скопје или преку партнер за достава на адресата која е наведена во порачката под следните услови:
Доставата на артиклите е бесплатна во границите на цела Македонија;
Доставата на уредот се врши до куќниот број на купувачите;
Истоварот и внесот во вашиот дом е ваша должност;
Уредите не ги поставуваме (монтираме).
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка, или со банкарска трансакција од сметката на купувачот на сметката на Мојвоздух дооел Скопје.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и начинот на испорака, купувачот може да го контактира Мојвоздух дооел Скопје на наведените телефонски броеви или да постави прашање во делот за контакт на оваа веб страница.
РОК НА ИСПОРАКА
Главна определба е брза испорака на своите производи до купувачите. Рокот на испорака на производите зависи од видот на производ, односно од тоа дали се нарачува производ кој е на залиха, и изнесува од 2 до 3 дена(во зависност од условите). За производи за кои е потребно поголемо време за изработка и достава клиентите ќе бидат известени.
ПРАВИЛА ВО ВРСКА СО ДИМЕНЗИИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Купувачите имаат обврска задолжително да ги проверат димензиите на производот кој го купуваат и да се осигураат дека ги нарачуваат точните димензии. Обврска на купувачот е да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе купениот уред.
За информации околу димензиите и пакувањата на производите, продажниот персонал стои на располагање на секој купувач.
Доколку димензиите на нарачаниот производ, по нарачката, не одговараат на просторот каде треба да се внесат, Мојвоздух дооел Скопје не превзема одговорност и сите настанати дополнителни трошоци се на товар на купувачот.