Правила и Услови

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на www.myair.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во овие Политики за користење на системот за електронска трговија.

Мојвоздух дооел Скопје ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.


1. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Мојвоздух дооел Скопје ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Мојвоздух дооел Скопје не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.


2. ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Мојвоздух дооел Скопје ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Мојвоздух дооел Скопје користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на https://myair.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. Мојвоздух дооел Скопје во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.


3. ДОСТАВУВАЊЕ И МОНТАЖА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот систем на достава на Мојвоздух дооел Скопје или преку партнер за достава на адресата која е наведена во порачката под следните услови:

  • Доставата на артиклите е бесплатна во границите на цела Македонија;
  • Доставата на уредот се врши до куќниот број на купувачите;
  • Истоварот и внесот во вашиот дом е ваша должност;
  • Уредите не ги поставуваме (монтираме).

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка, или со банкарска трансакција од сметката на купувачот на сметката на Мојвоздух дооел Скопје.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и начинот на испорака, купувачот може да го контактира Мојвоздух дооел Скопје на наведените телефонски броеви или да постави прашање во делот за контакт на оваа веб страница.


4. РОК НА ИСПОРАКА

Главна определба е брза испорака на своите производи до купувачите. Рокот на испорака на производите зависи од видот на производ, односно од тоа дали се  нарачува производ кој е на залиха, и изнесува од 2 до 3 дена(во зависност од условите). За производи за кои е потребно поголемо време за изработка и достава клиентите ќе бидат известени.


5. ПРАВИЛА ВО ВРСКА СО ДИМЕНЗИИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Купувачите имаат обврска задолжително да ги проверат димензиите на производот кој го купуваат и да се осигураат дека ги нарачуваат точните димензии. Обврска на купувачот е да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе купениот уред.

За информации околу димензиите и пакувањата на производите, продажниот персонал стои на располагање на секој купувач.

Доколку димензиите на нарачаниот производ, по нарачката, не одговараат на просторот каде треба да се внесат, Мојвоздух дооел Скопје не превзема одговорност и сите настанати дополнителни трошоци се на товар на купувачот.


6. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ ВО ВРСКА СО ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Цените на сите производи во салоните на Мојвоздух дооел Скопје и на нашата веб адреса: www.myair.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.  Мојвоздух дооел го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.


7. РЕКЛАМАЦИИ

Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите. Заедно со приемот на артиклите добивате и фактура-испратница, која сте должни да ја потпишете.

Купувачот може да пријави рекламација преку:

  • онлајн формата на оваа веб страна;
  • директно до салонот по писмен или усмен пат.

Секој производ, купен од Мојвоздух дооел, има соодветен гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот. Гаранцијата нема да важи доколку:

  • Не e приложен доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница);
  • Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси;
  • Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот;
  • Има физички оштетувања на производот.

Во случај на рекламација на даден производ, ве молиме на е-маилот: contact@myair.mk да испратите слики:

  • Фотографија од целиот производ;
  • Фотографија од пакувањето (доколку истото го имате);
  • Копија од фискална сметка или Фактура-испратница;
  • Фотографија од местото на оштетување или проблематичниот дел;
  • Опис за видот на рекламација.

8. ОПШТО

Мојвоздух дооел не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите прикажани на веб страницата www.myair.mk се од информативен карактер, а вистинскиот изглед на секој производ, со декларираните техничко-визуелни карактеристики може да се погледне во продажните салони.