Политика на приватност

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на www.myair.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во овие Политики за користење на системот за електронска трговија.

Мојвоздух дооел Скопје ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Мојвоздух дооел Скопје ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Мојвоздух дооел Скопје не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.

2. ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Мојвоздух дооел Скопје ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Мојвоздух дооел Скопје користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на https://myair.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. Мојвоздух дооел Скопје во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.