Рекламација на производ

РЕКЛАМАЦИИ

Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите. Заедно со приемот на артиклите добивате и фактура-испратница, која сте должни да ја потпишете.

Купувачот може да пријави рекламација преку:

онлајн формата на оваа веб страна;
директно до салонот по писмен или усмен пат.
Секој производ, купен од Мојвоздух дооел, има соодветен гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот. Гаранцијата нема да важи доколку:

Не e приложен доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница);
Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси;
Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот;
Има физички оштетувања на производот.
Во случај на рекламација на даден производ, ве молиме на е-маилот: contact@myair.mk да испратите слики:

Фотографија од целиот производ;
Фотографија од пакувањето (доколку истото го имате);
Копија од фискална сметка или Фактура-испратница;
Фотографија од местото на оштетување или проблематичниот дел;
Опис за видот на рекламација.